Одбетонирани дрвјата на велосипетската патека кај „Александар Палас“

by fokus

Од Град Скопје демантираат дека се избетонирани дрвјата на велосипедската патека на булеварот „8-ми Септември“, поради што не би можеле да се наводенуваат, како што беше објавено на социјалните мрежи.

„Вчера и денеска на поголем број медиуми и на социјалните интернет мрежи се појавија фотографии кои прикажуваат работа во тек и наводно невнимателно однесување со градското зеленило при изведувањето на велосипедската патека на булевар „8-ми Септември“. Ве информираме дека објавените фотографии се направени во текот на изведбата на патеката и не го претставуваат финалниот изглед на теренот. Сакаме да потенцираме дека при изградбата на новата вело патека, ниту едно дрво не е исечено или оштетено. Во прилог Ви испраќаме денешни фотографии од финалниот изглед од новата велосипедска патека на посочениот потег на булеварот „8-ми Септември“, велат од Градот.

Поврзани новости