Инспектори го истражуваат случајот со изгризаното и повредено бебе во градинката

by Fokus

Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата е веќе на терен и работи на расветлување на случајот, односно за тоа како настанала повредата на детето и ако постои сомнеж согласно со Закон ќе се поведе постапка за утврдување на дисциплински престап, соопштија од Министерстото за труд и социјална политика во врска со случајот со 11-месечното детенце кое вчера мајка му од градинка го зела со гребаници и угризи по телото.

„Поради намалениот број на деца во јавните установи за деца детски градинки во летниот период долгогодишна пракса е децата од различни занимални следствено на возраста да се згрижуваат во помал број на занимални, но тоа не значи и зголемен број на деца во занималните“, наведуваат од Министерството.

Поврзани новости