Кој бил Ванчо Михајлов и за каква Македонија се борел?

by Фокус

Ванчо Михајлов и уште еден водач на историското ВМРО – Тодор Александров, се дел од македонската историја, но не како херои, вели историчарот Тодор Чепреганов.

-Тие примиле бугарска национална свест. И, покрај нивните фигури во музејот мора да стои напис кои се и што се тие луѓе. Тие се бореле за незвисна и автономна Македонија, но без Македонци – рече тој на ТВ 24.

Чепреганов објаснува дека Александров го зема Михајлов за секретар и, како што истакнува, двајцата минуваат заедно долго време во Софија.

-Нивните идеологии се исти, двајцата не признаваат македонска нација, јазик и култура – вели историчарот, откако во Битола беше отворен клуб со назив Ванчо Михајлов.

Воедно, тој посочува дека возможно е Михајлов да стои зад убиството на Алесандров, бидејќи потоа ја презема контролата над ВМРО без конгрес и го менува начинот на делување.

Поврзани новости