Кнаус: Тоа што го видовме од Бугарија кон Македонија е за жалење

by Фокус

Тоа што го видовме од Бугарија кон Македонија е за жалење и не е во национален интерес на Бугарија, вели Гералд Кнаус, авторот на идејата за членство на Западен Балкан во Европската економска зона, во однос на бугарските барања.

Кнаус во интервју за телевизија Канал 5 посочува дека на крајот Бугарија ќе сфати дека не може да наметнува нешто.

– Договорот со Грција ја прави вашата позиција посилна. Вашата Влада секогаш велеше ние сме Македонци, говориме на македонски јазик и мислам дека доколку оваа порака биде силна и ако Бугарија расмили и види дека е во нејзин интерес да има стабилен и пријателски сосед. На крајот не е важно што тие мислат за историјата на 19. или 20. век, нема да променат што мислите вие, бидејќи тоа не е европски – вели Кнаус.

Според Кнаус, кога земјава ќе стане дел до Европската економска зона, предрасудите за земјите од Западен Балкан ќе исчезнат.

Поврзани новости