Коронавирусот оневозможи кворум во парламентот за законот за попис

by Фокус

Отсуството на двајца пратеници од мнозинството – еден позитивен на коронавирус а другиот сомнителен, оневозможи денеска да се постигне кворум од најмалку 61 пратеник за гласање за законот за попис.

Координаторот на СДСМ Јован Митрески, на почетокот на седницата ја обвини опозицијата дека со своето отсуство покажува недржавничко однесување, особено, како што рече, што на оваа седница, меѓу другото, се и измени на Законот за лекови, поврзани со вакцинацијата против ковид-19.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пак, истакна дека неприсуството на опозицијата на седницата е резултат на, како што рече, недемократското однесување на мнозинството во парламентот.

По нивните дискусии, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина седницата, посочувајќи дека нема деловнички можности за работа.

Поврзани новости