Македонските ракометари во среда играат против Словенија, а во петок со Русија

by Фокус

Со победата на Чиле, ракометната репрезентација на Македонија се пласираше во главната фаза од Светското првенство во Египет, каде прво ќе се соочи со Словенија.

Овој меч ќе се одигра во среда, по што следува дуел со Русија в петок, а за недела е закажан мечот против Белорусија.

Во новата група, Шведска има четири бодови, три има Русија, Египет и Словенија имаат по два, Белорусија има еден бод, додека Македонија е без бодови.

Поврзани новости