Кличко се разведува: Моето срце е окупирано со Киев

by fokus

Поранешниот боксер и актуелен градоначалник на Киев, Виталиј Кличко се разведува со сопругата Наталија по 25 години брак.

– Одлуката за развод беше заедничка. Долги години наназад имаме различни интереси и различни животи. Одлучивме тоа да го направиме официјално. И натаму имаме добар однос, се почитуваме, децата веќе пораснаа, а животот оди понатаму. Моето срце е окупирано само со Киев, како да не го сакам мојот Киев, изјавил Кличко за украинските медиуми.

Виталиј и Наталија се венчаа во 1997 година и имаат два сина и една ќерка.

Поврзани новости