Клековски: Надвор од разумот е зголемувањето на функционерските плати

by Fokus

Да сум премиер би ја суспендирал примената на одлуката на Уставен суд, вели Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, откако Уставен суд одлучи да укине два члена од Законот за плати и надоместоци на функционери, со што платите им се зголемуваат за речиси 78 отсто.

-Прашањето на линеарно зголемување на сите функцинерски плати, без проценка каде е тоа потребно, во услови кога штрајкуваат административни работници каде бараат зголемување не од 78 отсто, туку помали проценти, е одлука надвор од разумот – изјави Клековски за Сител.

Според него Владата има можност да го спречи тоа, така што ќе интервенира во законското решение. Односно, Клековски предлага Владата да поднесе законски измени со кои ќе се корегира ова прашање.

Во меѓувреме покачувањето на функционерските плати го осуди и претседателот, Стево Пендаровски, кој рече дека е невкусно во услови на економска криза. Тој побара од Владата да го измени бондот со кој се пресметуваат платите.

Со одлуката на Уставен основицата со која се пресметуваат функционерските плати се зголемува од 26.000 денари на 47.700 денари.

 

Поврзани новости