Вучиќ со Ковачевски покрај Сава: Му покажувам на пријателот колку се изградил Белград

by Fokus

Премиерот, Димитар Ковачевски, од денеска е во официјална посета во Белград каде што од српскиот претседател, Александар Вучиќ, и премиерката, Ана Брнабиќ, беше прошетан покрај Сава, низ проектот „Белград на вода“.

„Велат дека за време на добра прошетка се смислуваат најдобрите планови, се водат најпријатните разговори. Додека на пријателот Димитар Ковачевски му покажувам колку се изградил Белград, разменуваме и мислења за ширење на иницијативата Отворен Балкан, ЕУ патот на нашиот регион, положбата и перспективата на Западен Балкан на геополитичката мапа на Европа и светот, но и околу плановите за претстојните средби и новите проекти за поврзување“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.

Ковачевски утре ќе има состанок со Вучиќ и Брнабиќ, а по пленарниот состанок на делегациите на двете земји ќе биде одржана церемонија на потпишување документи.

Поврзани новости