Киличдароглу: И покрај лагите и нападите, Ердоган не го доби посакуваниот исход

by Fokus

Кемал Киличдароглу (74) рече дека го прифаќа вториот круг од изборите и дека ќе го победи актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган. Ниту Ердоган, ниту тој не добија 50 отсто од гласовите во првиот круг и повторно ќе се соочат на 28 мај годинава.

„И покрај сите негови лаги и напади, Ердоган не го доби посакуваниот исход. Никој не треба да биде воодушевен што ова е завршена работа. Изборите не се добиваат на балкон“, рече Киличдароглу.

Тој во предизборието се опиша себе си како поранешен државен службеник и поранешен сметководител кој води „скромен живот како неговиот народ“.

Киличдароглу сега е на чело на шестпартиската опозициска коалиција и работи на тоа да ја добие користа на маргинализираната курдска заедница.

Освен што вети нова социјалдемократска ера, тој изјави дека ќе депортира милиони сириски и авганистански бегалци кои живеат во Турција.

Киличдароглу вети враќање на економската политика и парламентарната демократија. Тој вети и враќање на независноста на судството.

Поврзани новости