Излетало возило на патот Маврови Анови – Гостивар, две жени се тешко повредени

by Fokus

МВР информира дека вчера, во 14.45 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Маврови Анови – Гостивар, во близина на мавровската крстосница, патничко моторно возило „фолксфаген поло“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(64) од гостиварско Беловиште, излетало од коловоз.

Во несреќата сопатничката Б.Ј. (65) од истото село добила тешки телесни повреди, а сопатничката Е.Н. (66) од гостиварско Здуње телесни повреди, констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Поврзани новости