Кичеец во нова „бомба“ со бизнисменот Дака, се споменуваат Рашковски и Заев

by Frosina Fakova

На Јутјуб каналот „Лепливи раце“ се појави нова аудио снимка на која наводно се слуша гласот на Зоран Милески-Kичеец, осуден во случајот „Рекет“ и Миодраг Давидовиќ Дака, контроверзен црногорски бизнисмен.

Во аудио материјалот кој трае околу 12 минути двајцата, Дака и Милески ги споменуваат имињата на генералниот секретар на владата Драги Рашковски, а се слуша и името на поранешниот премиер, а актуелен претседател на СДСМ Зоран Заев.

Во разговорот се споменуваат дадени пари на Милески, се споменува референдумот и неостварени ветувања за бизниси поврзани со хидроцентрали и ветерници во Тетово и Штип.

Поврзани новости