Кекновски за обвинетите во случаите на СЈО: Мачка која јаде маст, јаде и стап, ама ваков стап досега не јадела

by fokus

Професорот Јове Кекеновски, кој е дел од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, денеска преку статус на Фејсбук им се обрати на обвинетите во случаите кои ги покрена СЈО.

-Дечки сите вие кои сте обвинети во процесите кои се водат од страна на СЈО и од ОЈО, а сте дејствувале по наредба на Вашиот партиски претспоставен, деновиве кои ви претстојат, ви се убава можност да се чукнете малку по главата и да се сетите како помина Ѓоко Поповски. Ни помалку, ни повеќе за две кривични дела човекот доби ,,само” 15 години затвор, а главниот (иницијатор, инспиратор, алфа и омега) во целата оваа приказна само две години.
Чинам дека на ,,нос” ќе ви излезе Вашето слугување, умилкување, лигавење и беспоговорно извршување на наредбите на шефот. За воља на вистината голем дел од Вас сето тоа дебело го наплатија, ама сега уште подебело ќе платат.
П.С: Мачка која јаде маст, јаде и стап. Ама ваков стап досега не јадела, напиша Кекеновски.

Поврзани новости