Ќе им се прави епидемиолошка анкета на пратениците

by fokus

Во Собранието ќе се прави епидемиолошка анкета откако пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, синоќа бил хоспитализиран на Инфективната клиника, поради симптоми на Ковид19.  Јахоски последен пат бил на работа во средата на Комисијата за финансирање и буџет.

Собранискиот спикер Талат Џафери го информирал претседателот на Комисијата за заразни болести по што ќе се прави епидемиолошка анкета на пратеници.

Поврзани новости