Си одат трите медицински сестри од Инфективна, отказ најавува и друг медицински персонал

by fokus

Министерот Венко Филипче денеска информираше дека дел од докторите и сестрите, изморени од борбата со Кови-19, заминуваат од државните клиники.

Докторка инфектолог на Инфективната клиника во Скопје си дала отказ од работа и планира да замине да работи во приватна болница. Клиниката ја напуштаат и трите медицински сестри, кои министерот Венко Филипче на состанок се обидуваше да ги убеди да се вратат на работа.

Отказ најавила и шефицата на ковид-центарот во болницата „8 Септември“.

„Јас разговарав со неа, но таа е решена да замине. Во „8 Септември“ има други двајца инфектолози, размислуваме и веќе разговаравме за начинот на кој ќе се зајакне тоа одделение. Засега заедно со интернистите, имајќи го во предвид овој број на пациенти кој што е хоспитализиран таму, и нашиот план да не се зголемува тој број, овие доктори се сосема доволни. Но, спремни сме да интервенираме со системот на ротација доколку е потребно било кое одделение да се поддржи, рече Филипче.

Поврзани новости