Казнети угостителски објекти во Охрид, полицијата затекнала малолетници по полноќ

by Fokus
Полицијата поднесе прекршочни пријави против два угостителски објекти во Охрид, бидејќи дозволиле присуство на малолетници во клубовите по полноќ.
„Вчера во периодот од 00.50 до 02,20 часот, при извршени контроли по угостителски објекти во Охрид, полициските службеници во два објекти затекнале 15 малолетни лица на кои им било овозможено присуство по 24 часот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави според член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде е предвидена глоба од 2000 евра во денарска противвредност.

 

 

Поврзани новости