Кавадарчанец ограбен во двор на црква

by fokus

Вчеравечер, кавадарчанец бил ограбен во двор на црква во градот, информираат од МВР.

„На 01.03.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Кавадарци, И.К. од Кавадарци пријавил дека околу 19.45 часот во дворот на црквата „Св. Димитрија“ две лица физички го нападнале и му одзеле пари и лични документи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости