Касами не сака да седи на иста маса со Ахмети во Тирана

by fokus

Беса ја примила поканата за средба на албанските партии од Македонија во Тирана под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама, но проблем е Али Ахмети.

Портпаролот на Беса за Алсат изјави дека тие позитивно одговараат на поканата од Рама, но не сметаат дека е разумно да седат на иста маса со Али Ахмети.

-Ние како Беса воопшто немаме дилема во однос на политичките цели во корист на интересите на Албанците во Република Северна Македонија од страна на премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама. Наша грижа е со целите и политичките трикови на ДУИ и Али Ахмети. Ние како Беса позитивно одговараме на поканата на премиерот Еди Рама, но немаме потреба и не  гледаме за разумно да седиме на маса со ДУИ на Али Ахмети секогаш кога тој треба да се спаси, изјави Фарук Авзиу, портпарол на Беса.

Поврзани новости