Карлеуша до Вучиќ: Срам да ти е за секој сендвич од кампањата!

by fokus

Конторверзната турбо фолк пејачка Јелена Карлеуша пред неколку часа му упати отворено писмо на новиот српски претседател Александар Вучиќ.

Позната како жена без влакна на јазикот која што често навлегува во разни конфликти и е мета на напади поради својата отвореност, таа повторно го прилвлече вниманието на јавноста со пораките до претседателот.

Ви пренесуваме дел од писмото, постирано на официјалниот Фејсбук профил на пејачката:

Господине Вучиќ срам да ви е!

Срам да ви е што српските деца се на улиците

Срам да ви е што на улица излегле гладни

Срам да ви е што вашите навлекувачки во задник медиуми, ги нарекуваат пијани хулигани

Срам да ви е што покрај дипломите, паметот, желбите и младоста не можат да се вработат, додека ваши кадри со купени дипломи вработуваат родини и љубовници

Срам да ви е за Пинк и Информер кои се нафрлаат на вашите противници како бесни пси

Срам да ви е што воведовте цензура на медиумите полоша од таа на Милошевиќ

Срам да ви е за секој сендвич во предизборната кампања што гладниот народ го ставаше во уста

Срам да ви е од луѓето кои што се плашат од вас

Срам да ви е што децата ни се лекуваат со СМС додека вие од буџетот трошите милијарди наши пари за кампањи… – пишува Карлеуша.

На крај, таа му се обраќа на Вучиќ со зборовите дека таа е една од ретките која што се осмелила ова да го напише, бидејќи постарите, образованитe и попаметните од неа молчеле плашејќи се од одмазда.

Писмото на пејачката за само неколку часа од објавата е споделено над 1.200 пати, а веќе има над 16.000 допаѓања. Сепак, и покрај читаноста, ниту еден српски медиум се уште не се осмелил да го објави.

Вики Клинчарова

Поврзани новости