Аеродромци и денеска на протест: Излезете за воздух, излезете за живот!

by fokus

Граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“ и денеска ги повика жителите на Аеродром да излезат на протест во 18 часот пред општината против новиот ДУП со кои се предвидува уништување на зеленило за изградба на нови згради.

-Заедно ќе им порачаме на Ивица Коневски и ВМРО-ДПМНЕ дека нивниот кукавички обид ненајавено и без дебата да го изгласаат спорниот ДУП10 нема да им помине. Овој ДУП кој предвидува висококатници кај Мајчин дом и покрај Вардар ќе ги уништи тревните површини и ќе предизвика еколошка катастрофа. Овој ДУП мора да се запре. Излезете за воздух, излезете за живот!, се вели во повикот.

Овој ДУП беше донесен вчера, откако градоначалникот на Аеродром, Ивица Конески, во последен момент и без никаква најава го стави како точка на дневен ред.

Поврзани новости