СДСМ одлучни да се избере спикер, поддржувачите на ДПМНЕ се мобилизираат

by fokus

Оливер Спасовски од СДСМ денеска рече дека тие се одлучни да се избере претседател на Собранието. Парламентарното мнозинство врз основа на Деловникот побара да се гласа спикер на Собранието.

-Ова го направивме со цел да може да се одблокира Собранието, да се избере претседател и парламентот кончено да биде целосно функционален. Сметам дека треба да преовладува здравиот разум и да се однесуваат одговорно. Ќе продолжиме да бараме собраниски спикер врз основа на Деловникот, изјави Спасовски.

Тој кажа дека е неблагодарно оние кои ја срушија Македонија и ја поделија по сите основи да го зборуваат спротивното.

-Нервоза покажуваат ВМРО-ДПМНЕ. Подобар сценарист од Трајко Вељаноски нема, тоа го докажа и Судот во Стразбур. Одлучни сме да избереме претседател на Собранието, рече Спасовски.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ пак, на социјалните мрежи шири итен повик до граѓаните во кој ги повикува да бидат на готовс и секаква реакција.

Причина за овој повик, како што велат е насилниот обид на пратениците од СДСМ да избере собраниски претседател.

Поврзани новости