654
Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска треба да се појават на распит кај судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд.
Двајцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ се првоосомничени во новите два случаи на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“ и „Топлик“.
СЈО за сите осомничени во двата случаи побара Судот да им изрече мерки на претпазливост.