Кај четри деца е пронајдена бактеријата МРСА во нос во градинаката „Снежана“ во Чаир, а во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кај едно од децата, потврдија од ДСЗИ за НОВА. Се почнало минатиот месец кога мајка пријавила дека кај нејзиното дете во нос е пронајдена бактеријата МРСА. Веднаш биле земени брисеви на сите 37 деца при што кај 3 била откриена МРСА,а кај две стафилококус ауреус.
„Наложено е да се направи дезинфекција, проветрување и сите други мерки во вакви ситуации, а децата се лекуваат и не доаѓаат во градинка“, потврдија во ДСЗИ за НОВА.
Во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ земени се брисеви од сите деца во одделението и кај ниедно не пронајдена бактеријата. И таму е направена дезинфекција и преземни се мерки за заштита.
Лекарите велат дека не е ново метицилин резистентна (МРСА) да биде пронајдена во нос. Пред еден месец МРСА беше пронајдена и на Стоматолошките клиники.