Каевски бара одговор од Мицкоски

by Fokus

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски денеска упати критики кон лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски и побара одговори „со кого се среќавал од домашната и надворешната политичка сцена и барал власт и ветувал дека ќе го сменел Уставот“.

„Кој е вистинскиот став на Мицкоски за уставните промени? Оној кој го кажува во јавноста или оној кој го кажува на средбите со домашни и странски политичари?  Мицкоски кој е во заложништво на Димитар Апасиев да не се крие зад неговиот извршител Драган Ковачки туку да излезе во јавноста и да одговори на поставените прашања. Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се под заложништво на Апасиев и Левица и затоа тие стануваат се порадикални во деструктивното дејствување, рече Каевски.

Поврзани новости