ЈП „Македонија пат“ меѓу најголемите должници кои не плаќаат данок

by fokus

Прва на „црната листа“ на УЈП веќе подолго време е „Отекс“ од Охрид чиј што долг достигна над 15 милиони евра, а втора е компанијата за автобуси Ел Дон Кастило Ангел со долг од 7,3 милиони евра. На листата на должници кои не плаќаат даноци има и познати компании и јавни претпријатија.

ЈП „Македонија пат“ е  меѓу првите должници кои со години не плаќаат даноци. Ова претпријатие должи 5,1 милион евра, а зад него е ЈКП Комуналец Гостивар со 3,1 милион евра. Веднаш зад нив е и државниот загубар „Еурокомпозит“, со 2,2 милион евра.

На листата од вкуниот број на должници 2.134 се фирми, 2.396 се граѓани. Вкупниот нето долг изнесува 164,6 милиони евра што е за 1,5 милиони евра повеќе од претходната листа.

Поврзани новости