638
Републичкот јавен обвинител, Љубомир Јовески вели дека нема отворено постапка за смс пораката на обвинителката Вилма Русковска.
-Во овој момент не гледаме основи за покренување на дисциплинска одговорност на јавниот обивнител, но ќе почекаме да видиме што ќе заклучи Советот на јавни обивнители. Останувам на официјалниот став на обвнителството, вели Јовески.
Претседателот на Советот за јавни обвинители, Ацо Колевски ни изјави дека тие како Совет не може да утврдуваат одговорност, туку тоа го иницира Републичкиот јавен бвинител.