Русковска нема право да се жали за притворот на Јанева

by fokus

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска нема право да се жали на решението што го донесоа Апелациските судии, со кое мерката притвор на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева беше заменета со куќен притвор.

„Решението на Апелацискиот суд – Скопје е правосилно и обвинителството нема право на жалба“, велат за Фокус од Јавното обвинителство. Според толкувањата од Обвинителството тоа што Апелација оценила дека се исполнети условите за домашен притвор, односно тоа што обвинителството не е задоволно од ваквата одлука, не е доволно, туку треба да постои и повреда на закон за да се бара заштита на законитоста од Врховен суд.

Одлуката на судиите ја налути обвинителката и на судијата Јани Нича му пиша. Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите“. Сепак таа нема право на жалба.

Обвинителката утринава од свое име, доставила писмено образложение за смс пораката до Советот на јавни обвинители и до републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Оваа порака предизвика лавина реакции во јавноста и остри пораки меѓу судиите и обвинителите.

Поврзани новости