Јована Аврамовска од „Фчерашни“ – нов ПР на Министерство за финансии

by fokus

Јована Аврамовска од сатиричната емисија „Фчерашни вести“ стана дел од тимот на Министерството за финансии како портпарол.

Аврамовска претходно беше позната по сатиричната емисија „Фчерашни вести“ која се емитува на телевизија Телма, како една од двајцата водители во шоуто.

Новиот ПР тим на Министерството за финансии денеска одржа брифинг со новинарите во министерството. Аврамовска неодамна дипломирала на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде нејзин професор бил министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Аврамовска не конкурирала на посебен конкурс туку добила покана од Бранимир Јовановиќ кој исто така е дел од министерството.

Поврзани новости