Седница на ДИК за потврдување на кандидатските листи за локални избори

by fokus

Државната изборна комисија денеска ја одржува 123 седница на која, како што е најавено, треба да биде разгледано и усвоено упатството за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори.

Членовите на ДИК ќе разговараат и за упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња, како и за утврдување на личниот идентитет на гласачот. На дневен ред на седницата на ДИК, меѓу другото, е и извештајот за исплатата на надоместокот на трошоците на учесниците во изборната кампања.

Поврзани новости