Ратификуваните меѓународни договори не можат да се менуваат со друг закон

by Fokus

Откако завчера не поминаа измените на Законот за патни исправи, односно откако пратениците не прифатија на дневен ред на седницата да бидат ставени измените на Законот за патните исправи на државјаните на Македонија, со кои ВМРО-ДПМНЕ предлагаше пролонгирање на рокот на важноста на старите пасоши со „Република Македонија“ до крајот на годината, од Делегацијата на ЕУ порачаа државата да продолжи да ги почитува меѓународните договори.

Неколку дена пред да се донесе одлуката за продолжување на рокот на пасошите, односно уште на 27-ми февруари, претседателот на Собранието, Јован Митрески истакна дека тој закон нема да ги реши проблемите.

-Според информациите што ги добивам е дека тој закон нема да ги реши проблемите и дека е спротивен на членот 118 од Уставот во смисла на тоа дека меѓународните договори се дел од внатрешниот правен промет и фактички дека не можат да се менуваат со друг закон- порача Митрески.

И пред две години, тогашниот министер за правда Никола Тупанчески во ТВ интервју појаснуваше дека Членот 118 од Уставот бил прецизен и во него било утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот поредок и не можат да се менуваат со закон.

-Дали еден меѓународен договор може да се суспендира со закон? Во однос на правната сигурност во една држава, Република Северна Македонија има потпишано многу билатерални и мултилатерлни договори.

Тоа значи дека како држава можеме еднострано или врз основа на највисоката алатка на демократијата-референдум, да ги коригираме тие договори. Постои можност, нашата држава еднострано да не го прифати тој договор,но начинот на кој треба да го направи не треба да биде онаков како што сега се прави-појаснуваше Тупанчески уште во 2022 година, по повод поднесената иницијатива на ВМРО ДПМНЕ за распишување задолжителен референдум за Договорот за добрососедство со Бугарија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости