Награда за животно дело за Цветанка Ласкова, Орце Зафировски и постхумно за Тодор Трајчевски на ,,Роса Фест”

by Fokus

Популарниот фестивал на народна музика ,,Роса Фест” го најави своето 24-то фестивалско издание, кое ќе се одржи на 5-ти март во салата на Домот на АРМ во Скопје.

Иако фестивалот е од ревијален карактер, сепак се предвидени три награди за животно дело, од кои едната секогаш е постхумна.

Годинава наградени се Цветанка Ласкова, Орце Зафировски и постхумно – Тодор Трајчевски.

Најавено е учество на голем број популарни имиња од фолк сцената помеѓу кои Благица Павловска, Благоја Грујовски, Сузана Гавазова, Стојне Николова, Ирена Спасовска и многу други.

Уметнички директор на фестивалот е Бобан Мојсовски, а влезниците по цена од 300 денари се пуштени во продажба.

Вики Клинчарова

Поврзани новости