(Видео) Пендаровски ја најави кандидатурата, очекува во вториот мандат Македонија да влезе во ЕУ

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски на официјална прес-конференција објави дека повторно ќе се кандидира за функцијата. Викендов, се очекува СДСМ и официјално да го поддржи Пендаровски во трката за втор мандат.

Пендаровски порача дека добил јавна поддршка од голем број граѓани, дел од нив јавни личности, професори и културни работници.

-Во недела ќе бидам на Конгресот на СДСМ, само во тој дел, за да им се заблагодарам за поддршката, а од понеделник ќе имам средби со сите десетина партии од таа коалиција, од кои ќе сакам да слушнам предлози, кои би ги вклучил во мојата програма. Станува збор за граѓанска кандидатура и ги повикувам сите граѓани, од недела 3-ти март, да дадат поддршка за мојата кандидатурата во подрачните единици на ДИК, истакна Пендаровски.

Тој нагласи дека зад себе има мандат без ниту една грешка, без ниту една корупциска афера и без ниту еден случај на непотизам. Во неговиот евентуален втор мандат, очекува Македонија да стане членка на ЕУ.

Поврзани новости