Јанушев: Во никој случај нема да ги бојкотираме претседателските избори

by fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во вечерашното гостување на телевизија Телма демантираше дека доколку не добијат предвремени парламентарни избори, тогаш ќе ги бојкотираат претседателските.

-Бараме предвремени парламентарни избори и бараме веднаш да се распишат. Нашите идни чекори на делување ќе зависат од одговорите на власта, но во никој случај нема да ги бојкотираме претседателските избори. Без разлика, ако одиме на претседателски и парлементарни избори ќе ги добиеме двата, ако одиме само на претседателските, ќе ги добиеме претседателските избори, рече Јанушев.

Поврзани новости