Јанша го преживеа гласањето недоверба во словенечкиот парламент

by Фокус

Словенечкиот Парламент вечерва не и изгласа недоверба на владата на премиерот Јанез Јанша, бидејќи предлогот на опозицијата беше поддржан од само 40 пратеници, или за шест помалку од потребниот број.

Против изгласување недоверба на владата со тајно гласање се изјаснија седум пратеници во 90-члениот парламент, шест гласа беа неважечки, додека мнозинството пратеници во владеачката коалиција беа воздржани.

Во текот на целодневната расправа во парламентот, опозицијата тврдеше дека го доставила предлогот заради воспоставување демократија во Словенија, која, како што проценуваат, под водството на Јанша се лизга кон автократија.

Опозицијата ја обвини владата дека не ги почитува основните принципи на Уставот, вклучувајќи ја и поделбата на власта и слободата на печатот и за загрозување на остварувањето на човековите слободи и владеењето на правото во земјата.

Јанша во својот говор кажа дека неговата влада направила многу повеќе од претходната и покрај тешката епидемиолошка состојба.

Поврзани новости