Јанкулоска на Протогер: Се нуди една циганка да го намести Самка, вика кога сакате и каде сакате!

by fokus

Додека ги организираат изборите во 2011 годин, тогашни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, размислувале и како на низок начин да се справат со политичките противници. Ваква идеја Гордана Јанкулоска му споделува на Мартин Протогер.

-Има една циганка и ми вика, за Самка кога сакате и каде сакате може да го наместам да сликате, му раскажува Јанкулоска на Протогер.

Потоа вело дека тие играле чисто, но можеби и вака требало да почнат. Овој разговор го водат откако претходно се налутени од аферата Списоци која ја откри А1 Телевизија.

Поврзани новости