Јанева не ја активирала оставката

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не ја активирала оставката, односно не испратила писмо до Советот на јавните обвинители, односно не е точна информацијата која синоќа ја објавија медиумите.

„Фокус“ од извори на одбраната на Јанева дознава дека оваа информација не е точна, и дека и понатаму Јанева е шеф на СЈО, се разбира се до нејзино одалечување од функцијата или разрешување. Мандатот на Јанева пак завршува на 15 септември.

Јанева својата оставка ја најави на 15 јули, која требаше да се активира по изборот на нејзин наследник. Таа е осомничена за случајот „Рекет“ заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец.

В.В.

Поврзани новости