Јанакиески претрпел емотивна штета од прислушувањето

by Фокус

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој обвинет во неколку предмети на обвинителството преземени од СЈО, а вчера доби условна затворска казна за случајот „Шамари во Центар“, најавува дека ќе бара отшета бидејќи бил мета на прислушување.

Судот информираше дека Јанакиески поднел пријава како жртва, па воедно му предлага на Јавниот обвинител да го пријави во случајот „Таргет-тврдина” како сведок кој претрпел штета и „нарушена емотивна стабилност“.

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ за незаконското прислушување, каде беше донесена и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која веќе одлежува затворска казна за случајот „Тенк“.

Поврзани новости