Пивоваров: Горан Грујевски ми призна дека ми го следат телефонот по наредба „од повисоко“

by Фокус

Поранешниот прв човек на военото разузнавање, Владимир Пивоваров, на денешното рочиште во Таргет-Тврдина рече дека неговиот број бил цел на прислушувањето во период кога бил професор на два приватни универзитети. Во тој период, Пивоваров рече дека поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, му бил и студент на постдипломски студии, кој му признал дека се следи неговиот телефон.

-За прислушувањето разговарав со мојот тогашен студент Горан Грујевски. Го прашав отворено во мојот кабинет кои се причините зошто го следат мојот мобилен телефон, на што ми одговори дека таа наредба е од повисоко. Го прашав дали додека јас ти бев шеф во военото разузнавање, ти побарав да следиш какви било комуникации без наредба, а тој ми реке: „Јас сум благодарен што било така, но сега се изменија времињата“ – сведочеше Пивоваров.

Поврзани новости