Хоспитализирани 3 лица од Тиквешијата позитивни на Ковид 19

by Фокус

Денес во Тиквешијата се регистрирани 4 нови случаи на корона вирусот, а 3 лица се хоспитализирани на Инфективното одделение во велешката болница.

Станува збор за сопружници од Кавадарци на возраст од 68 и 72 години, една жена од Неготино на возраст од 55 години, вработена во кавадаречка приватна компанија, и сите се со потешка клиничка слика.

Исто така, регистриран е и еден позитивен пациент од Росоман на возраст од 21 година, кој со лесна клиничка слика останува на домашно лекување.

Се работи на утврдување на нивните контакти.

Минатата недела, исто така, две лица – 78 годишен маж од Неготино и 50 годишен маж од Кавадарци со потешка клиничка слика беа хоспитализрани на велешкото инфективно одееление.

В.К.

Поврзани новости