Известување за квалитетот на FREYHERR Cannabis extract: Монополската позиција на “Реплек фарм” против граѓаните

by Fokus

Ги известуваме граѓаните на Македонија дека, за да ја зачува својата монополска позиција на пазарот со канбис екстракт “Реплек фарм”  се послужи со манипулации на штета на пациентите изнесувајќи невистини во јавноста за квалитетот на производот FREYHERR Cannabis extract,  кој од неодамна е достaпен на македонскиот пазар.

Одговорно укажуваме дека единствени надлежни во државата за одредување на квалитетот на фармацевтските производи  се Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија и овластените  референтни лаборатории.

Поради ваквите груби напади и манипулации на штета на граѓаните го објавуваме извештајот од последната вонредна анализа во Центарот за испитување и контрола на лекови при Фармацевтскиот факултет во Скопје, која е единствена акредитирана и овластена лабораторија за ваков тип на испитувања, со која  се  потврди дека производот е во согласност со декларираната спецификација на производителот.

“Резултатите од испитувањето се завршени на ден 07.06.2017 година, за што е доставен и сертификат за анализата. Резултатите од испитувањето се во граници на спецификацијата. Доколку имаше било какви отстапувања од декларираниот квалитет, МАЛМЕД ќе го повлечеше производот од пазар“, велат во Агенцијата за лекови и медицински средства на Р.Македонија. Како потврда на тоа, на увид ги даваат и  резултатот од анализата. ( копија/скен од анализата)

„Веќе е започната и институционална разрешница. Жалиме што јавноста е возменирена од изнесените невистини и манипулации.  Производот FREYHERR Cannabis extract 1200 mg (12%) CBD 10ml е уредно регистриран и запишан во регистарот за гранични производи под број 11-2392/2 од 22.03.2017 година, согласно  регулативите во Р. Македонија. Производот ја поседува целокупната документација согласно правилникот, потребните анализи и сертификати за квалитет добиени од релевантни институции во Македонија и надвор од неа, каде се утврдува квалитетот и составот на екстрактот кој одговара на декларираниот состав“, велат од компанијата FREYHERR.

Поради направените штети и нарушениот углед, судска постапка против “Репелк фарм”  покрена и компaнијата која е увозник и дистрибутер на овој  производ на FREYHERR.

Поврзани новости