Израел почна да вакцинира со трета доза против Ковид-19

by Fokus

Израел започна денеска да дава трета доза од вакцината на Фајзер/Бионтек против корона вирусот на луѓето над 60 годишна возраст.

На тој начин, еврејската држава е прва во светот која и со трета доза од вакцините ќе ги имунизира своите граѓани.

Израел инаку е државата која ја спроведе најбрзата и најуспешна кампања за вакцинација на своето население, но се одлучи да понуди и трети дози од вакцината заради зголемениот број на позитивни случаи и знаците дека ефикасноста на вакцините опаѓа со тек на времето.

Најголем дел од новите случаи се од делта сојот, кој се шири и меѓу луѓето кои веќе се вакцинирани. Сепак , најголем дел од овие случаи поминуваат со лесни симптоми и стапката на смртност од Ковид-19 е исклучително ниска во Израел.

Поврзани новости