Излетале од пат и удриле во жардињера

by Fokus

Вчера попладне две лица се здобиле со повреди, откако возејќи се во возило излетале од патот и удриле во жардињера.

„На 14.06.2019 година околу 17.20 часот на бул.„3-та МУБ“ во Куманово, патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(22) од с.Ваксинце, општина Липково, излетало од коловозот и удрило во жардињера. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Д., а сопатничката Ф.С.(19) од с.Лопате, кумановско, се здобила со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово“, велат од МВР.

Поврзани новости