Излажал баба дека парите што и ги дале во банка не биле во ред и украл 9.000 денари

by Fokus

Седумдесет и шестгодишна скопјанка била измамена, и ги земале парите и не и ги вратиле, информираа од МВР.

Според полицијата, пред два дена во 15,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Е.К.Ф.(76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13,00 часот на булеварот “Јане Сандански“ во парк, додека седела на клупа и пришло лице на возраст околу 22-24 години и и рекло дека парите кои предходно ги извадила од банка не биле во ред, по грешка и биле дадени, и дека требала да ги врати за да се заменеле. Потоа лицето водејќи ја под рака оштетената ја поминале улицата, по што и кажал да му ги даде нему парите, а тој ќе ги сменел во банка и ќе и ги врател. Оштетената му дала 9.000 денари и се договориле да го чека кај тениското игралиште, но истиот не се вратил. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости