Тој е подготвен да го подели станот што ќе го освои со пронаоѓачот на неговата фискална. Цел живот страствено игра игри на среќа – лото, спортска, грепки… И никогаш неба добиено. Во последно време страст му се фискални сметки. Има колекција од преку десет илјади фискални, а омилени му се неколкуте добиени на Пластичарската улица за кои вели дека се уникати и имаат огромна филателистичка вредност.
– Изгубената сметка ја купив од една госпоѓа, а таа ја набавила од колекционер од Струга, кој пак ја донел од црниот пазар на добитни фискални сметки во Дебар. Како се нашла на тој пазар не знам точно, но чув приказна дека нејзината историја е поврзана со македонските пирамиди и со рудникот “Aлшар”. Инаку, сметката е во вредност од 25 денари и е издадена за еден час паркирање во Општина Аеродром – вели тажниот нејзин поранешен сопственик, кого го сретнавме во маркетот “Керфур” како внимателно ги собира оставените сметки од невнимателните купувачи.
Покрај половина од освоениот стан, пронаоѓачот ќе добие и други вредни награди: машина за миење садови, микробранова спакувана како за на свадба, комплет гаќи од “Стружанка” скоро како нови и две зимски гуми за Голф тројка од 2004 година.