Изборите на 11 декември ќе бидат незаконски?

by fokus

Членот на ДИК, Бедредин Ибраими, за „Сакам да кажам“ вели дека се распишуваат избори кои се спротивни на Изборниот законик и дека за тоа го известил Министертвото за правда.

-Како член на ДИК го известив министерството за правда дека во Шестата изборна единица има 5,28 отсто повеќе гласачи во однос на законското отстапување од плус/минус 5 отсто во Изборните единици. Побарав да се напрaват измени на Изборниот законик, за да се нивелираат изборните единици. Правда, односно Владата, досега нема изготвено такви измени. Ние како ДИК ја завршивме нашата работа. Сега треба да постапиме по одлуката на претседателот на Собранието за распишување на предвремените парламентарни избори на 11 декември, изјави Бедредин Ибраими, за САКАМДАКАЖАМ.МК.

На прашањето дали распишување на избори без решавање на проблемот на изборните единици е спротивно на Иборниот законик и дали тоа ќе биде основа било кој да ги оспори изборите, Ибраими вели: „Тоа е факт. А за понатака се е можно…“.

Поврзани новости