ВМРО – ДПМНЕ не ги ферма законите: го згрижи екс директорот на ЕЛЕМ во Регулаторна!

by fokus 14:41
14:41

Дејан Бошковски, доскорешниот директор на ЕЛЕМ е противаконски избран за член на Регулаторна комисија за енергетика на вчерашната собраниска седница. Ловот во матно за вдомување на партиските војници, власта не случајно го режира на седница на која се распушти парламентот во пресрет на изборите на 11 – декември, со однапред постигнат договор на координација кај спикерот Трајко Вељаноски- седницата да помине без дебата, со што практично на опозицијата и беше оневозможена реакција за незаконскиот избор на Бошковски.

-Станува збор за класично кршење на законот со кое се овозможува позиционирање на партиски послушници – коментира за „Фокус“ Горан Мисовски, пратеник од НСДП со што, како што вели, се остава простор за сомнежи дека партиските послушници вдомени на ваков, незаконски начин ќе бидат брана во евентуалните матни зделки на криминалната власт.

- Advertisements -

На предлог на Владата- Собранието го избра Бошковски, наспроти законската одредба ( Закон за енергетика, член 17-) дека за член на Регулаторна комисија не смеe да бидe избранo лица коe најмалку една година пред тоа билo член на надзорен или управен одбор или одбор на директори во друштво кое врши регулирана енергетска дејност. Бошковски од челната позиција во ЕЛЕМ на која дојде во октомври 2012 година беше сменет неодамна, а на негово место во септември дојде Христијан Мицковски. Незаконскиот избор на Бошковски се потврдува и во дописот од Владата, потпишан од вицепремерот Владимир Пешевски:

14724594_1125767217477069_7736700759915543375_n-1

Бошковски е сопруг на Билјана Бришковска Бошковска, заменик министерка за правда, која, како што обелодени Зоран Заев, лидерот на СДСМ во политичките бомби е вмешана во, како што рече, сомнежи за  изборни нерегуларности.

 

 

Поврзани новости