ИВЗ ја известила владата дека е против полициски час за Бајрам

by Фокус

Пред да биде донесена мерка за воведување на полициски час за Бајрам, Исламската верска заедница испратила писмо до Илинденска со кое вели дека е против воведување на забрана за движење.

Како што објави Лајмпрес, ИВЗ на чело со поглаварот Сулејман Реџепи го испратила писмото завчера, во кое се потенцира дека тие нема да ја откажат молитвата за Фитер Бајрам.

Сепак, Комисијата за заразни болести предложи воведување на 58-часовен полициски час од сабота до вторник, за што владата треба да одлучи утре или задутре.

Поврзани новости