Иванов во Бразил држеше предавање за бегалската криза

by fokus 20:22
20:22

Претседателот на Република Македонија денеска во Рио де Жанеиро одржа предавање на Бразилскиот центар за меѓународни односи – CEBRI, што претставува водечки бразилски тинк-тенк.

На предавањето на тема „Европската бегалска криза – научени лекции“ присуствувале многубројни бразилски дипломати, интелектуалци и претставници на медиумите, соопшти Кабинетот на Иванов.

- Advertisements -

Во делот на прашањата и одговорите присутните се интересирале за внатрешната политичка ситуација во Македонија, соживотот помеѓу различните заедници во Македонија и на Балканот, како и за справувањето со идните бегалски закани.

Македонскиот претседател во рамките на официјалната посета на Бразил беше примен од страна на претседателот на Бразил, Мишел Темер. Претседателот Иванов свечено ја отвори македонската амбасада во Бразилија, што претставува прва македонска амбасада во Латинска Америка, и оствари средби со бразилски парламентарци од Федералниот и Долниот дом на националниот Конгрес.

Поврзани новости