Скопјанец лани пријавил месечна плата од 225 илјади евра

by fokus 20:34
20:34

Највисоката годишна бруто плата во Македонија во 2016 година е исплатена во приватнотото здравство и изнесува 2,7 милиони евра, а 416.000 евра е највисокиот исплатен бонус од работен однос на годишно ниво. Ова се податоци на Управата за јавни приходи кои ги објави денеска, а добиени врз основа на приложените даночни пријави на граѓаните.

Друг скопјанец пак пријавил највисок годишен приход од 255 милиони денари, што воедно највисокиот приход во 2016-та година, информира директорката на УЈП Соња Лукаревска.

- Advertisements -

Највисоката остварена капитална добивка во 2016 изнесувала 82,8 милиона денари, а досега највисока таква добивка е пријавена во 2008 година и изнесувала 908.9 милиони денари. Од повремено вршење услуги жител на Велес заработил 58,3 милиони денари, додека граѓанин од Скопје пријавил заработка од 109,1 милион денари од дивиденди и други приходи остварени од учеството во добивката.

Поврзани новости