Владата ќе го реши проблемот со неисплатените плати во Еурокомозит и долгот на МЖ Транспорт

by fokus

На синоќешната владина седница Владата донесе одлуки за надминување на проблемите во претпријатијата во државна сопственост „11 Октомври Еурокомпозит“, каде вработените штрајкуваат поради неисплатени плати, и во МЖ Транспорт ад Скопје чијашто сметка може да биде блокирана поради долгови кон МЕПСО и ЕЛЕМ.

Вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, е овластен во име на Владата да потпише спогодба помеѓу раководството на Еурокомпозит и претставниците на гранскиот синдикат СЕИР. Со спогодбата секоја од страните ќе биде должна да го реализира својот дел од преземените обврски и претпријатието ќе продолжи со работа, а вработените ќе можат да земат плата.

Со владина одлука исто така се помага сметката на претпријатието Македонски железници АД Скопје да не биде блокирана, за да не останат вработените без плати, поради направените големи долгови на ова претпријатие кон АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО и заканата од присилно извршување.

Одлучено е, како што е наведено во соопштението од владината служба за информирање да се препорача на АД МЕПСО да донесе одлука за повлекување на предлогот за присилно извршување на паричното побарување против МЖ Транспорт АД Скопје и за тоа МЕПСО веднаш да ја информира Владата.

Поврзани новости